Форум „Електробус“ на Машински факултет: Електричните автобуси се клучни за подобрување на квалитетот на воздухот

- Advertisement -

Иднината на одржливиот транспорт и подобрување на квалитетот на воздухот преку воведувањето на електричните возила во јавниот транспорт се темата на форумот „Електробус“, кој се одржа денес на Машинскиот факултет. Настанот е организиран во соработка со партнерите на факултетот „Stark Energy“ и унгарската компанија Икарус, која пред присутните ги претстави техничките карактеристики на електричниот автобус IK E120 овозможувајќи панелистите да отворат дискусија за предностите на електричните автобуси.

Амбасадорот на Унгарија Андраш Клајн сподели искуство за влијанието од воведување на електрични автобуси во Унгарија.

- Advertisement -

„Сообраќајниот метеж и загадувањето се присутни и во Скопје, и тоа е општо позната ситуација. Денес сме дојдени да се запознаеме со еден производ кој што во Унгарија се покажа како успешен во решавање на овие проблеми. Искрено, се надевам дека во блиска иднина ќе може да оствариме посериозна соработка на оваа тема“, рече амбасадорот на Унгарија Андраш Клајн.

Деканот на Машинскиот факултет при УКИМ, проф. Д-р Златко Петрески ја нагласи важноста на меѓународната соработка во развојот на иновативни решенија кои го подобруваат живеењето и самото опкружување на човекот.

- Advertisement -

„Електричните возила, а особено електричните автобуси, претставуваат клучен чекор кон постигнување одржливост во транспортот. Европската Унија веќе е лидер во оваа транзиција, а ние како академска заедница имаме одговорност да придонесеме со знаење, истражување и иновации. Форумот ‘Електробус’, организиран во соработка со нашите партнери Старк Енерџи и унгарската компанија Икарус е уникатна можност за размена на идеи и искуства меѓу академската заедница, индустријата, владините институции и меѓународните партнери. Верувам дека овој форум ќе биде почеток на нови партнерства и проекти кои ќе придонесат кон подобра животна средина и поквалитетен живот за сите нас“, истакна деканот на Машинскиот факултет при УКИМ, проф. Д-р Златко Петрески.

Унгарскиот производител на автобуси Икарус годишно произведува од 100 до 150 возила, а последниот период се посветени на производството на електричните автобуси.

- Advertisement -

„Ни причинува особено задоволство што можеме и во Скопје да ги претставиме нашите автобуси. Икарус како фабрика има традиција подолга од 130 години, а денес претставуваме еден од најновите производи – електричниот автобус. Тој веќе се употребува во Полска, Германија, Романија и Унгарија, и сакам да ги пофалам возилата дека се покажаа како отпорни на дефекти. Во зависност од контигентот потребен за македонскиот пазар би можеле и би било логично да организираме и локално производство на електрични автобуси“, изјави претседателот на компанијата Икарус, Бенкоч Томаш.

Настанот го подржаа со презентации и Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата Електромобилност, кои активно работат на промоција на чисти технологии.

Сподели!
- Advertisement -