Стапка на стакленички гасови во ЕУ – 10,7 тони по жител

- Advertisement -

Во 2022 година отпечатокот на стакленички гасови на стоки и услуги потрошени во ЕУ изнесувач 10,7 тони јаглерод диоксид (CO2) по жител. Овој индикатор ги зема предвид емисиите генерирани низ производните синџири на производи што се трошат во ЕУ, вклучувајќи ги емисиите вградени во увезените стоки и услуги.

Меѓу земјите на ЕУ, најнизок отпечаток на стакленички гасови по жител се забележани во Шведска (7,9 тони СO2 по жител), Португалија и Романија (по 8,0 тони). Спротивно на тоа, најголеми отпечатоци по жител се забележани во Кипар (16,6 тони), Луксембург (15,5 тони) и Ирска (14,2 тони).

- Advertisement -

Во 2022 година вкупниот отпечаток на стакленички гасови на сите стоки и услуги потрошени во ЕУ достигнал 4,8 милијарди тони CO2. Во исто време, емисиите генерирани од производството во ЕУ изнесуваат 3,6 милијарди тони. Ова сугерира дека голем дел од отпечатокот на стакленички гасови на ЕУ бил поттикнат од потрошувачката на производи кои биле произведени надвор од ЕУ.

И потрошувачката и емисиите на стакленички гасови засновани на производство се намалиле од 2010 до 2022 година, за 14% и 18%, соодветно. Сепак, во 2020 година имаше остар пад на емисиите поради пандемијата. Од 2020 година наваму отпечатокот на емисиите на стакленички гасови се зголеми за 12%, а емисиите засновани на производство се зголемени за 4% во 2022 година. И покрај ова зголемување, емисиите во 2022 година остануваат пониски од нивоата пред пандемијата во 2019 година (за -1% за емисиите на потрошувачка и -6% за емисиите засновани на производство).

- Advertisement -

(European Commission)

(фото: Canva)

Сподели!
- Advertisement -