Кинеската компанија BYD Energy Storage потпиша договор со Saudi Electricity Company (SEC) од Саудиска Арабија за најголемиот проект за складирање електрична енергија во светот, со капацитет од 12,5 GWh. Имајќи предвид дека BYD веќе испорача систем од 2,6 GWh на Саудијците, вкупната количина на складирање сега ќе биде 15,1 GWh. Оваа соработка е клучен чекор кон унапредување на индустријата за обновливи извори на енергија во Саудиска Арабија и усогласување со амбициозните цели поставени во иницијативата Визија 2030 на Саудиска Арабија.
Како одговор на итните глобални климатски предизвици, Saudi Electricity Company работи на трансформирање на енергетскиот систем на Саудиска Арабија, водена од амбицијата да ја постигне својата оптимална енергетска транзиција до 50% обновлива енергија до 2030 година. BYD Energy Storage ќе испорача нова генерација на батериски систем со висока енергетска густина MC Cube-T ESS кој ја користи својата интегрирана CTS (Cell-to-System) технологија, со однос Vcts волумен на ќелија и волумен на системот од над 33%.
Овие инсталации ќе бидат интегрирани во електричната мрежа на Саудиска Арабија, поддржувајќи системи за собирање и складирање на обновлива енергија од сонцето, обезбедувајќи стабилно снабдување со електрична енергија и задоволување на највисоките енергетски потреби.
Пред 17 години првиот пилот систем беше испорачан од BYD на пазарот за да се истражи потенцијалната вредност на системот за складирање батерии базиран на LFP, кој ќе се поврзе со системот на електричната мрежа. До денес BYD Energy Storage испорача повеќе од 75 GWh системи BESS на 350 проекти кои опфаќаат повеќе од 110 земји и региони ширум светот.
Од BYD Energy Storage велат дека ќе продолжат да ги зголемуваат инвестициите во технолошки истражувања, развој и соработка со глобални партнери за да воведе нова ера на транзиција на енергија, што ќе ја води индустријата за складирање енергија кон чиста и одржлива иднина.
(Vidi.hr)
(фото: BYD)