Срушени нови температурни рекорди – светските океани вријат

- Advertisement -

Светските океани во петокот достигнаа рекордни температури и ја зглемија загриженоста околу климата на планетата, морскиот живот и крејбрежните заедници. Температурата на површината на океаните во петокот порасна на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија.

Последниот рекорд од 20,95 степени е забелеан во март 2016 година, изјавија од од ЕУ. Меѓу тестираните примероци нема од поларните региони и не наведуваат дали и тие се вклучени во претходните мерења.

- Advertisement -

Океаните апсорбираат 90% од вишокот топлина која ја генерираат човечките активности од почетокот на индустриската доба, предупредуваат научниците. Таа топлина продолжува да се акумулира затоа што стакленичките гасови, кои во најголем дел се последица на согорувањето нафта, гасови и јаглен, се собираат во земјината атмосфера. Просечната температура на океаните од април годинава руши рекорди на глобално ниво.

Топлотните бранови се непосредна закана за дел од морскиот свет и веќе сме сведоци на избледување на коралните гребени на Флорида, а се очекуваат уште повеќе последици. Се предвидува дека загревањето на океаните ќе има и други влијанија на подводниот свет, како што е миграцијата на одредени видови и ширење на поинвазивните. Тоа би можело да ги загрози залихите на риби и сигурноста на храната во одредени делови од светот.

- Advertisement -

Освен тоа, загреаните океани потешко го апсорбираат јаглерод диоксидот, со што се засилува магичниот круг на глобалното загревање, а повисоки температури се очекуваат затоа што штотуку започна феноменот Ел Нињо.

Се очекува дека користењето на јагленот, нафтата и гасот ќе бидат во центарот на дискусиите на претстојниот самит COP28, односно климатските разговори на ОН, кои на крајот на годината ќе се одржат во Дубаи.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -