Ryanair целосно ги укинува билетите на хартија

- Advertisement -

Патниците на Ryanair наскоро ќе мора да се прилагодат на голема промена, a ова го потврди и самиот извршен директор на компанијата. Имено, Ryanair планира постепено да ги укине печатените билети за патување од ноември 2025 година. Наместо тоа, авиокомпанијата ќе се потпира само на дигитални билети за патување, кои ќе бидат достапни преку апликацијата Ryanair.

Оваа мерка има за цел значително да ја намали потрошувачката на хартија и да работи на поеколошки начин, рече директорот Мајкл О’Лири. Оваа промена ќе влијае на милиони патници, кои во иднина ќе мора да ја користат апликацијата Ryanair за да си ги подигнат билетите за качување, кои според препораките, треба да се избришат по летот од безбедносни причини.

- Advertisement -

Заедно со оваа промена, Ryanair ќе ја елиминира и таксата за пријавување на аеродромот, која во моментов изнесува 55 евра. Целта на оваа промена е да се намали повеќе од 300 тони отпад од хартија годишно. Според Business Insider, 80% од патниците на Ryanair веќе користат дигитални авионски билети. Сепак, останатите 20%, кои досега не ги користеле, ќе мора да се прилагодат на новите правила. Ова може да претставува посебен проблем за патниците без паметен телефон или за оние на кои батеријата им се исцрпува пред да се качат.

За да се избегнат компликации, Мајкл О’Лири најави дека аеродромите ќе имаат посебни мерки за вакви случаи, кои ќе стапат на сила во ноември 2025 година, заедно со новите правила за дигитални билети.

- Advertisement -

Позитивно влијание може да има и одлуката за укинување на печатените билети за патување. Со овој потег Ryanair сака да избегне слични проблеми во иднина и да го поедностави процесот на качување за сите патници. Имено, веќе има случај на брачна двојка која не можела да се качи на лет бидејќи немала испечатен авионски билети.

Парот пристигнал еден час пред полетувањето, веќе се пријавил на интернет и имал само рачен багаж. Меѓутоа, бидејќи шалтерот за пријавување веќе бил затворен, персоналот на аеродромот повеќе не можел да ги печати своите карти за патување, поради што го пропуштиле својот лет.

- Advertisement -

(Biizlife)

Сподели!
- Advertisement -