Македонија вклучена во глобалната AI иницијатива на Microsoft

- Advertisement -

Националната иницијатива за развој на вештини во вештачка интелигенција, со гордост го најавува почетокот на AI Fest 2025, најголемиот настан посветен на вештачката интелигенција во регионот. Фестивалот ќе се одржува од 8 април до 5 јуни 2025 година, во новите простории на Семос Едукација, лоцирани на Кејот на реката Вардар.

Фестивалот ќе трае 50 дена обележувајќи го 50тиот роденден на Microsoft, и ќе вклучи низа настани, меѓу кои:​

- Advertisement -
  • 60 бесплатни вебинари на 18 различни теми, насочени кон бизнис корисници, ИТ професионалци и AI ентузијасти.​
  • Обид за поставување на GUINNESS WORLD RECORDS™ со најголем број на корисници вклучени на AI онлајн сесии во период од 24 часа.​
  • Панел дискусии, обуки, испити и други активности дизајнирани за секого.​

AI Fest 2025 претставува дел од Националната иницијатива за развој на AI вештини, глобален проект креиран од Microsoft и партнери како Семос Едукација, со цел поттикнување на знаења и вештини во областа на вештачката интелигенција. Оваа иницијатива се спроведува во повеќе земји ширум светот, а во регионот ја организира Семос Едукација, како официјален партнер на Microsoft.

Официјалното отворање на фестивалот ќе се одржи на 8 април 2025 година, со почеток во 09:00 часот во новите простории на Семос Едукација. По отворањето, ќе следуваат првите вебинари и активности. Повеќе информации за агендата и начинот на пријавување се достапни на официјалната веб-страница на фестивалот: https://ainsi.mk.​

Настанот е поддржан и од Министерство за дигитална трансформација, Стопанска Банка, Support and Solutions Center и други значајни компании и институции.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -