По прв пат вештачко оплодување беше извршено целосно од роботи и вештачка интелигенција

- Advertisement -


Во иднина процесот на медицински потпомогнато оплодување би можел да се изведува со роботски системи поддржани од вештачка интелигенција Посебен случај на медицински потпомогнато оплодување покажа дека во голема мера автоматизираниот процес на интрацитоплазматска инјекција на сперма (ICSI) може да доведе до успешно раѓање, според новото истражување објавено во списанието Fertility and Sterility Science.

ICSI, вообичаен метод за медицинско потпомогнато оплодување што се користи особено во случаи на машка неплодност, бара високо ниво на вештина и концентрација кога се изведува.

- Advertisement -

“Докторите понекогаш се уморни и расеани и се случуваат грешки кои можат да ги намалат шансите за оплодување и раѓање”, објаснува Жак Коен од американската лабораторија на Conceivable Life Sciences во Њујорк за New Scientist.

За да го ублажи ова, неговиот тим изгради машина способна да изведува 23 клучни ICSI чекори, контролирани од далечина преку пренос во живо со едноставно притискање на копче. Користејќи вештачка интелигенција, системот ја идентификува најздравата сперма врз основа на морфологијата. Ласерот ги имобилизира избраните сперматозоиди, поедноставувајќи го нивното вбризгување во јајце клетките. За разлика од претходните обиди за делумна автоматизација, споменатиот систем ги заврши сите основни задачи.

- Advertisement -

Научниците го тестирале системот на пар кој се соочувал со проблеми со плодноста и каде што спермата на машкиот партнер има слаба подвижност, а жената користела донаторски јајце клетки. Пет од осумте донаторски јајце клетки биле дадени на автоматизираниот систем, што резултирало со четири ембриони. Рачно извршената ICSI ги оплодила преостанатите три јајце клетки, давајќи и ембриони.

Моделот на вештачка интелигенција потоа ги идентификувашл двата најдобри ембриони, и двата од автоматизираната серија. Едниот ембрион не успеал да се развие, но другиот довел до раѓање на здраво дете.

- Advertisement -

Автоматското IVF во моментов е поскапо од конвенционалното IVF, но Коен сè уште се надева на негова зголемена употреба.

“Како што го оптимизираме, стандардизираме и подобруваме системот, очекуваме да се намалат трошоците за пациентите и клиниката”, вели тој.

(New Scientist)

Сподели!
- Advertisement -