Prada го презема Versace за 1,25 милијарди евра, означувајќи нова ера во луксузната мода

- Advertisement -

Неколкумесечните шпекулации се остварија – модниот гигант Prada официјално соопшти дека постигнале договор за купување на луксузниот бренд Versace за 1,25 милијарди евра (1.375 милијарди долари), означувајќи го спојувањето на две иконични италијански модни куќи.

„Со задоволство му посакуваме добредојде на Versace во групацијата Prada и да изградиме ново поглавје за бренд со кого споделуваме силна посветеност кон креативноста, занаетството и наследството“ – стои во соопштението на Prada.

- Advertisement -

Претседателот на групацијата PradaПатрицио Бертели, истакна дека целта на овој договор не e кратење на буџетите или за рационализирање на естетиката. Наместо тоа, се работи за отклучување на потенцијалот за раст на Versace, истовремено овозможувајќи му да ја задржи својата креативна моќ.

„Ние имаме за цел да го продолжиме наследството на Versace, славејќи ја и реинтерпретирајќи ја неговата смела и безвременска естетика; во исто време, ќе му обезбедиме силна платформа, засилена со долгогодишни тековни инвестиции и вкоренети во долготрајни односи. Нашата организација е подготвена и добро позиционирана да напише нова страница во историјата на Versace, потпирајќи се на вредностите на Групацијата, додека продолжува да работи со доверба и ригорозен фокус“ – посочува Бертели.

- Advertisement -

Аквизицијата се очекува да биде комплетирана во втората половина на 2025 година. Ваквата италијанска консолидација на Prada и Versace може да внесе нова динамиката во модната индустрија, конкурирајќи им на француските луксузни гиганти како LVMH и Kering кои долго време доминираат на пазарот.

Инаку, пред само десетина дена, Дарио Витале ја замени Донатела Версаче како генерален креативен директор на Versace. Се очекува Витале да донесе нова перспектива во ревитализацијата на брендот кој во последните години се соочува со пад на продажбата.

- Advertisement -

Извор- Маркетинг365

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -