Денес ќе бидат прогласени најдобрите работодавачи на годината

- Advertisement -

Трета година по ред настанот „Работодавач на годината“ ќе го даде одговорот на прашањето – Која компанија е најпосакувано место за работа во Македонија?

Организиран од сајтот Вработување.ком, овој настан стана препознатлив белег за корпоративна одговорност, грижа за вработените и култура на работното место. Вечерта ќе биде посветена на оние компании кои – според мислењето на јавноста – не само што нудат добра плата, туку и вистинско чувство на припадност, развој и стабилност.

- Advertisement -

Ке бидат доделени награди по категрии следејќи ги трендовите на пазарот на труд а оваа година за првпат ќе бидат прогласени прво, второ и трето место во категоријата „Најпосакуван работодавач“ – врз основа на анкетен прашалник дистрибуиран на национално ниво.

 За сите заинтересирани компании и HR професионалци,пак,  ќе биде достапен и специјален извештај од истражувањето – со увид во перцепцијата на брендот како работодавач и анализа на очекувањата на потенцијалните кандидати.

- Advertisement -

Традиционално најстанот Работодавач на годинaата се поклопува со роденденот на сајтот Вработување.ком кога ќе се прослават и 22 години од отварањето на првиот портал за огласување на работни места.

 Настанот ќе се одржи денеска (16 Април 2025),   во Хотел Лимак на со почеток во 20:30 ч

Сподели!
- Advertisement -