Авион „Боинг“ наменет за кинеската авиокомпанија „Ксиамен ерлајнс“ се врати од Пекинг во Сиетл, како прва жртва на билатералните царини иницирани од американскиот претседател Доналд Трамп.
Тоа беше првиот од неколкуте авиони 737 Max кои чекаат во центарот на Боинг во Жоушан за завршна работа и испорака на кинескиот превозник, јавува Си-Ен-Ен.
Овој месец Трамп ја зголеми основната тарифа за увоз од Кина на 145 отсто, на што Пекинг одговори со 125 отсто царина за американски стоки. Според тоа, кинеската авиокомпанија која ги набавува авионите Боинг би била оптоварена со дополнителна голема давачка, со оглед на тоа што новиот 737 Max чини околу 55 милиони долари.
Враќањето на најпродаваниот модел на Боинг е најновиот знак за нарушување во испораката на нови авиони поради крајот на деценискиот бесцарински статус на авио индустријата.
Конфузијата околу промената на тарифните стапки може да спречи многу испораки на авиони, при што некои директори на авиокомпании најавија дека повеќе би сакале да ги одложат купувањата отколку да плаќаат тарифи.
Фото – Wikimedia.commons