Македонската компанија „Веда“ која разви иновација за ефикасно гаснење пожари ја доби наградата Патент на годината за 2024 година!

- Advertisement -


Иновацијата со која може да се спасат опремата и војниците од пожар, повторно се закити со нагарада. Компанијата од основана од страна на Борис Јанковски, чија компанија работи на истражување и развој на нови технологии повеќе од три децении. ВЕДА е компанија која во своето портфолио има неколку иновативни технологии што ги има продадено низ светот. Последната иновација е решение за двостепена заштита на литиумските батерии внатре во самото пакување како интегриран ситем на целата батерија. Литиум јонските батерии се употребуваат во електрични возила, тротинети, автобуси, акумулатори и друга опрема која користи електрична енергија.

За најновите успеси но и идните планови разговаравме со косопственичките на компанијата Искра Михајловска


Госпоѓа Михајловска, вашата компанија ВЕДА ДОО неодамна доби награда „ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА за 2024“ и една интернационална награда за иновативниот систем за гаснење на пожари во литиум-јонски батерии за кој и добивте ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА за 2024 и една интернационална награда.

- Advertisement -

Во последните две години добивме две признанија – најпрво, првата награда на xTech International Competition 2022 во САД, поддржана од Армијата и Министерството за одбрана на САД, а неодамна и уште поважно за нас лично – наградата Патент на годината 2024 во Македонија. Оваа национална потврда ни е особено драга бидејќи доаѓа од нашата средина. Покажува дека иновациите создадени тука можат да бидат глобално релевантни.

Можете ли да ни објасните што точно решава вашиот систем?

- Advertisement -

Наградениот систем Патент на Годината за 2024  е систем кој директно се справува со еден од најголемите ризици во модерната технологија тоа се пожарите кај литиум-јонски батерии. Кога ќе дојде до термалено разложување на ќелијата (thermal runaway), постои голема опасност од ширење на пожарот во целата батерија, дури во целиот уред кој ја користи батеријата. Нашиот патентиран систем за гаснење дејствува локално, апсорбирајќи ја топлината од оштетената ќелија и спречувајќи ширење на пламенот кон соседните ќелии. Тоа резултира со значително поголема безбедност на батеријата со што се намалува ризикот од оштетување на останатите компоненти.

Како го тестиравте системот, и како ги добивате резултатите?

- Advertisement -

Тестирањето го изведовме во контролирана лабораториска средина, според стандардните процедури опишани во SAE J2464 – применливи за безбедносни тестови кај електрични и хибридни возила. Симулиравме палење на една литиум-јонска ќелија во минибокс со 2,3 па и 7 ќелии, а резултатите покажаа дека нашата супстанца успешно го локализира пожарот и го спречува неговото ширење на останатите ќелии а со тоа и во целата батерија. Она што е особено значајно е што соседните ќелии останаа целосно зачувани, а температурните мерења потврдија дека соседните ќелии се 20-30 степени под температурата на нивно палење.

Вашата компанија има уште еден систем. Како функционира Sfire-S системот за автоматско гаснење со аеросоли и што го прави посебен во однос на другите решенија на пазарот?

И: Sfire-S е исто така иновативен систем кој користи нетоксична цврста композитна супстанца која кога ќе се активира брзо се разградува и ослободува гас (аеросоли) кои го гаснат пожарот ефективно и безбедно. Неговата главна предност во однос на традиционалните системи е неговата усогласеност со актуелните ЕУ регулативи кои ќе забранат користење средстава со HFC-гасови, прво до 2030, 80% и до 2050 целосно нивно укинување. Досегашните решенија имаат негативен ефект на климатските промени и озонот, така да светот е во потрага по нови ефикасни решенија кои ќе бидат нетоксични за човекот и за природата во исто време. Sfire-S, односно нашиот аеросол е еколошки безбеден и не претставува опасност за здравјето на луѓето. Поради овие карактеристики, тој е идеален за употреба во затворени простории со или без присуство на луѓе.

Освен сите погоре наведени предности, гасот ќе го изгаси пожарот но нема да уништи ништо во просторијата како што тоа би го направила водата, дури и електричните апарати нема да има никакви проблеми од наталожени честички или сл.

Каква е ефикасноста на супстанцата и на системот?

Исклучително ефикасна затоа што се доволни само 50 до 100 грама за 1 м³ заштитен волумен. Имаме различни дизајни за различни примени, вклучително и минијатурни уреди за вградување во сензитивна електроника. Системот не е под притисок, многу лесно се монтира и сервисира и гасот го сузбива пожарот за неколку секунди, а при тоа не го намалува нивото на кислород во просторијата.

Кои се идните планови на Веда?

Да најдеме инвеститор или средства да поставиме производство на системите. Ние постојано го надградуваме системот и соработуваме со одделите за истражување и развој на неколку компании. Но доаѓаме до моментот или ќе треба да ја продадеме технологијата или да направиме тука производство за да ги задоволиме потребите на соработниците кој го интегрираа нашиот изум.

Имате ли порака за нашите читатели

Следете ги вашите инстинкти за нови идеи, иновациите го движат секојдневието и светот.

Сподели!
- Advertisement -