Паднаа акците на Apple – очекуваат царини во вредност од 900 милиони долари

- Advertisement -

Во четвртокот Apple ги објави деловните резултати за вториот квартал, кои ги надминаа прогнозите и нивниот вкупен приход беше 95,4 милијарди долари, но акциите забележаа пад во текот на тргувањето, а извршниот директор на компанијата, Тим Кук, ги даде првите коментари за влијанието на царините врз работењето на компанијата. Тој рече дека забележале ограничено влијание овој квартал бидејќи ги оптимизирале синџирите на снабдување.

Apple очекува царините да го чинат 900 милиони долари во тековниот квартал, доколку нема нови царини или големи промени, рече Тим Кук. Сепак, Кук нагласува дека во моментов е тешко да се прават прогнози после јуни бидејќи не знаат што ќе се случи со царините.

- Advertisement -

Тој рече дека ќе ја води компанијата како и досега, со промислени одлуки и фокусирање на долгорочни инвестиции и ќе биде посветен на иновациите и можностите што тие ги носат. Додаде и дека Apple веќе набавува околу половина од iPhone телефони за американскиот пазар од Индија, а повеќето други производи за САД доаѓаат од Виетнам, кој има пониски царини отколку Кина.

Тој, исто така, потврди дека огромното мнозинство од нивните производи за други земји се уште се произведуваат во Кина, какои дека iPhone користи многу чипови од САД и дека тие купуваат 19 милијарди чипови од САД оваа година.

- Advertisement -

(CNBC)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -