Полска ќе тестира програма за скратено работно време

- Advertisement -


Полските работодавци ќе можат доброволно да учествуваат во новата пилот-програма насочена кон намалување на работното време. Со финансиска поддршка од 2,3 милиони евра, иницијативата ќе биде покрената подоцна оваа година.

„Ова е прва ваква пилот-програма во нашиот дел од Европа“, рече министерката за семејство, труд и социјална политика, Агњешка Џеманович-Бак, во пресрет на 1 мај.

- Advertisement -

Во дебатата за ова прашање, министерката рече дека е вистинско време да се намали работното време за Полјаците, а истовремено да се осигура дека тие добиваат исти плати. Полските работодавци и вработени ќе тестираат различни модели на намалување на работното време како дел од пилот-проектот за да го одредат најдобриот.

„Пократок работен ден или недела? Или можеби подолг одмор? Компаниите и институциите ќе одлучат како да ја постигнат заедничката цел – намалување на бројот на работни часови со задржување на иста плата. На крајот на краиштата, работиме за да живееме, не живееме за да работиме“, рече Џемановиќ-Бак.

- Advertisement -

Таа додаде дека е можно да се работи помалку и да се работи подобро. Новата програма има за цел да ги вклучи бизнисите, локалните самоуправи, фондациите и синдикатите, а главен услов е вработените да продолжат да ги добиваат истите плати и покрај пократкото работно време. Ќе се тестираат различни модели, вклучително и намалување на работното време во одредени денови или намалување на бројот на работни денови во неделата.

Ѓемановиќ-Бак истакна дека претходните студии покажале дека намаленото работно време го подобрува здравјето на вработените, ја намалува исцрпеноста на работа и доведува до намалување на бројот на грешки во работата, без негативно да влијае на финансиското работење на компаниите.

- Advertisement -

(Beta)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -