- Advertisement -

МКА 2000 слави 25 години: На 30 мај 2025 година – регионална тркалезна маса за иднината на менаџмент консалтингот

По повод 25 години посветена работа и промовирање на стандарди во професионалниот менаџмент консалтинг, Менаџмент консалтинг асоцијација (МКА) 2000најавува регионална тркалезна маса под наслов „Менаџмент Консалтинг – Вчера. Денес. Утре.“, која ќе се одржи на 30 мај 2025 година (петок)во хотел „Александар Палас“ во Скопје, со почеток од 09:00 часот.

- Advertisement -

„Поминаа 25 години во кои МКА 2000 не само што ги поставуваше стандардите на менаџмент консалтингот, туку и ја градела довербата во оваа професија како партнер за развој. Овој јубилеј не е само повод за прослава, туку и момент за визија – да зборуваме за тоа што значи да се биде консултант денес и утре, и како оваа професија ќе продолжи да придонесува за промените што ги посакуваме во јавниот и приватниот сектор,“ изјави Глигор Михаиловски, претседател на МКА 2000.

Настанот се организира во институционално партнерство со Министерството за јавна администрација и ќе биде место за размена на идеи, искуства и перспективи меѓу водечки консултанти, менаџери, државни и образовни институции, како и компании од земјата и регионот.

- Advertisement -

Регистрацијата за учество е бесплатна и е веќе отворена за сите заинтересирани: https://mca-2000.mk/kontakt/

Со овој настан, МКА 2000 одбележува четврт век од своето основање – период исполнет со активности за зацврстување на професионалната етика, развој на консултантската дејност и поддршка на менаџерските капацитети во јавниот и приватниот сектор.

- Advertisement -

МКА 2000 обезбедува можност за голема промоција на компаниите кои би сакале да се приклучат како спонзори на овој значаен јубилеј, и на тој начин да станат дел од заедницата што ја гради иднината на лидерството во менаџмент консалтингот.

МКА 2000 е професионална, независна и непрофитна организација која веќе четврт век работи на промовирање на највисоки стандарди во менаџмент консалтингот. Оваа тркалезна маса е шанса да се слушнат искуства од минатото, актуелните трендови и визиите за иднината на оваа клучна професија во развојот на модерното општество.

Сподели!
- Advertisement -