Јавни дебати: Промена кон одржлива мода – MISSION4WATER

- Advertisement -

MISSION4WATER Дисеминациски активности – Одржливост и загадување на водата со микропластика

Текстилно-Трговското Здружение – Текстилен кластер, во рамките на проектот IPA ADRION Mission4Water, организираше и беше домаќин на дисеминациски активности наменети за пошироката јавност, со цел подигнување на свеста за загадувањето на водите со микропластика – резултат на производството и перењето на полиестерски текстилни производи. Активностите беа реализирани во рамките на Јавната дебата одржани овој април, како дел од програмата на Моден Викенд Скопје.

- Advertisement -

Во дискусијата учествуваа Наташа Сивевска – координаторка на проектот, текстилен инженер и аудитор за еколошка и социјална усогласеност и Ирина Тошева – призната модна дизајнерка и експерт за зелена економија и одржлив развој.

Презентацијата ги истакна клучните активности и цели на проектот, со акцент на создавање мултидисциплинарно стратешко партнерство што ќе развива иновативни решенија за намалување на штетните загадувачи на водите. Посебен фокус беше ставен на зелените иновации и чистите технологии како неопходните алатки за справување со еколошките предизвици.

- Advertisement -

„Иднината на модата е нераскинливо поврзана со еколошката одговорност. Наша должност е да дејствуваме одржливо и свесно, со цел заштита на животната средина – за нас и за идните генерации“, истакна Сивевска. Тошева, пак, го подвлече значењето на едукацијата и дизајнот како двигатели на системски промени, нагласувајќи ја потребата од посилна соработка меѓу образовните институции и малите и средни претпријатија.

Дискусијата ги поврза модниот и еколошкиот сектор, претставувајќи инспиративни примери за тоа како креативноста може да биде усогласена со еколошката свест. Двете говорнички понудија различни, но комплементарни перспективи – Сивевска од стратегиски и индустриски аспект, а Тошева низ призмата на дизајнерска иновација и образовна трансформација.

- Advertisement -

„Очекуваме оваа дисеминациска активност да придонесе кон подигнување на свеста за одржливи практики и заштита на водните ресурси, како и да ја зајакне поддршката за иницијативата MISSION4WATER во Јадранско-јонскиот регион, заклучи Сивевска на крајот од настанот.

Сподели!
- Advertisement -