Рoко Водопија: Интервју без филтер

- Advertisement -

Роко не носи „framework“ во PowerPoint. Не управува од висина. Не верува во менаџмент од фотелја. Тој ве води таму каде што се случува реалноста – на терен. Во нередот. Кај вистината.
Повеќето лидери сè уште мислат дека промената доаѓа одозгора. А Роко знае дека вистинската трансформација започнува одвнатре – од луѓето, од односите, од културата која не се гледа, но се чувствува.

Во пресрет на неговото доаѓање во Битола и сесијата во рамките на UTOPIA Academy, го прашавме неколку прашања – искрено, конкретно, без флоскули.

- Advertisement -

разговараше \ Љубица Ангелкова

Ако би требало со една реченица да опишете што значи да се биде лидер денес – што би рекле?

- Advertisement -

Лидер е оној кој инспирира другите да бидат посветени, одговорни, проактивни и лојални – не затоа што мораат, туку затоа што сакаат.

Која е заблудата за лидерството што најрадо ја разоткривате?

- Advertisement -

Не верувам дека е доволно да се биде визионер. Без менаџмент, лидерството е само идеја.

Дали промената секогаш е можна, во секоја ситуација?

Теоретски да, … сепак некои се добро замислени, но неприменливи. Научив дека ниту една организација не мора да се менува – но не мора секоја ни да преживее.

Која лекција сте ја научиле најтешко – но најмногу ви вреди?

Научив дека не се исплаќа да се бара вината во другите и дека сè зависи од мене. Една позната личност рече: “Не верувам во судбина, но знам дека некои работи се неизбежни доколку јас ништо не направам”.

Што би сакале секој тим да знае – без оглед на индустријата?

Довербата е темел на секој успешен тим. Недовербата троши време, мотивација, енергија и на крајот … пари.

Кога на организацијата ѝ треба трансформација, а кога терапија?

Трансформацијата подразбира поголем интензитет на промена во ситуација кога организацијата сепак има време да ја спроведе контролирано. Не постои рецепт што ќе ни каже каква промена ни треба, но постојат луѓе кои носат добри или лоши одлуки за тоа што и како да се направи.

Која е најчестата грешка што ја прават добрите луѓе кога добиваат лоша функција?

Би се обидел да ја согледам ситуацијата од друга перспектива: лошите функции често се прилика да се истакнеме. Она што специјалистите најчесто го прават кога преземаат менаџерска функција е дека ги одложуваат одлуките за кои знаат дека треба да ги донесат, а тоа обично го прават за да избегнат тешки разговори.

Како да се води тим без да се изгубиш себеси?

Мораш да знаеш кој си и кој не сакаш да станеш. Од тоа зависи како ќе работиш и што нема да толерираш.

Што сте научиле од најлошиот шеф што некогаш сте го сретнале?

Лав Толстој рече дека сите среќни семејства се слични, а секое несреќно – несреќно на свој начин. Предлагам да ги оставиме тие лоши примери за четврток во Битола.

Која е вашата најважна алатка кога структурата се распаѓа?

Користам критериуми на едноставност и применливост, односно се фокусирам на она во што сум прилично уверен дека функционира.

Кога да се каже НЕ – дури и кога сите околу вас велат ДА?

Иако патот е полесно да се помине кога сте во група, во принцип треба да се каже НЕ кога знаете дека ДА е против вашите вредности или долгорочна цел. Самодоверба, храброст и резервен план се тогаш клучни.

Што значи да се биде ментор, а не гуру?

Менторот треба да помогне, а гуруто кажува паметна работа која не мора да ни помогне, … не сум сигурен.

Ако утре треба да трансформирате тим од 5 луѓе со ограничен буџет – од каде почнувате?

Не ви треба буџет. Почнете од себе, … прво трансформирајте се себеси.

Што ќе добие оној што ќе дојде во Битола, а што ќе пропушти оној што нема да дојде?

Ќе добие конкретни принципи што може веднаш да ги примени – и барем една техника што ќе ја примени во следните 7 дена. Оној што нема да дојде, ќе ја пропушти можноста да научи нешто ново од сите учесници на предавањето, … Ќе разговараме доста.

Роко Водопија е искусен менаџер и консултант со повеќе од 25 години професионално искуство во управување и советување на водечки регионални компании во стабилни и динамични пазарни услови. Во текот на својата кариера, работел на водечки раководни позиции и советувал голем број компании со работење во Централна и Југоисточна Европа. Неговата специјалност се трансформација и оперативно унапредување на работењето на друштва во малопродажба и индустрија на широка потрошувачка, а неговиот прагматичен и проверен пристап на работа произлегува од комбинацијата на консултантско и менаџерско искуство.

Управувал со водечката македонска млечна индустрија во сопственост на фонд на ризичен капитал и како претседател на управата спровел оперативно реструктурирање на национален малопродажен ланец. Освен тоа, управувал со маркетинг и продажна функција во TDR, Dukat и Pliva. Како консултант, работел во Kearney на проекти на раст и унапредување на ефикасноста, додека во BDO водел проекти на развој на стратегии и унапредување на работењето на јавни претпријатија. Во EY пружал поддршка во аквизиции и водел проекти на развој на стратегии и трансформации на друштва во регионот на Централна и Источна Европа.

Освен консултантската работа, Роко Водопија е активен предавач и едукатор. Неговиот пристап се темели на реални искуства и практични решенија, а се фокусира на оснажување на менаџерските тимови за да го постигнат својот полн потенцијал и да ги остварат планираните резултати. Комбинирајќи богато искуство во менаџментот и консултантски вештини, помага на организациите во управување со комплексни промени.

Сподели!
- Advertisement -