На Македонија и се потребни повеќе од 50 години за да го достигне европскиот стандард

- Advertisement -

Ивајло Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија излезе со две сценарија за Македонија во однос на достигнувањето на просекот на Европската унија во приходи по жител. Оптимистичкото предвидува достигнување на ЕУ просекот за 30-40 години, а песимистичкото за 60-70 години според полошото.

„Зависи од стапката на раст на продуктивноста. Ако таа е еднаква на таа што била во почетокот на 2000-те години, ова може да биде многу побргу. На пример, ако земеме 36 илјади евра по жител во Западна Европа и во Европската унија и 8-9 илјади бруто-домашен производ по жител тука, ќе треба до четири пати зголемување за да се достигне тоа ниво. Ако имаме побрза стапка на раст, тогаш ќе требаат 30-40 години, а ако имаме побавна, како во минатите пет-шест години, тогаш тој период може да биде 60-70 години“, објасни Изворски.

- Advertisement -

Фото – ndla

Сподели!
- Advertisement -