Исплатена третата транша од унгарскиот кредит

- Advertisement -

Инвестициски  циклус во домашните компании.  175 проекти ќе се финансираат од третата транша во висина од 41.3 милиони евра од Унгарскиот заем која ја исплати Развојната банка. Парите ќе се делат преку банките, а најголем дел од колачот ќе добијат проекти од малите бизниси. По сектори најмногу ќе се вложува во производствени капацитети, а најмалку во обновливи извори на енергија односно 2 отсто. Преку оваа исплата поддржани се 91 мали, 9 микро, 57 средни и 18 големи компании. 19,5 милиони евра фирмите ќе ги вложат за инвестиции во опрема.

….По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 13,6 милиони евра. Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следнава: 45%  во градежи, 47% во опрема, 2%  во обновливи извори на енергија и 6% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 9 микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата…. информираат од Развојната банка.

- Advertisement -

Со исплатата на третата транша, во стопанството вбризгани се половина од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на вкупно 470 проекти на домашните компании. Според досегашните информации за распределбата од трите транши најмногу се одобрени средства за поддршка на малите бизниси, а најмногу проекти се од областа на производството.

Парите за компаниите доаѓаат под поволни услови – каматна стапка од 1,95%, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години. Тие аплицираа за кредит до 10 милиони евра, а во инвестицијата која ќе биде финансирана со овие средства треба да имаат сопствено учество од 20%. Компаниите во неколку наврати го поздравија ваквиот начин на финансирање, потенцирајќи дека ова ќе им помогне во отворање на нови работни места, модернизација на технологиите кои ги користат и можност за воведување иновации.

- Advertisement -

Инаку, од унгарскиот кредит беа одворени 250 милиони евра за компании, 250 милиони се наменети за проекти на општините, а 500 милиони се веќе искористени за враќање на еврообврзница, стар долг наследен од претходната власт.

Сподели!
- Advertisement -