Керманскиот синџир супермаркети Kaufland го претстави првото чоколадо без какао под својата приватна етикета K-Classic. Производите се создадени со помош на ChoViva, чоколадна алтернатива без какао, развиена од стартап компанијата Planet A Foods. ChoViva се прави со печење семки од сончоглед заедно со растителни масти и шеќер, создавајќи специфичен вкус на чоколадо без какао.
Оваа одржлива алтернатива, за разлика од зрната какао, не потекнува од тропските предели, туку може да се произведува во Европа, заштедувајќи 94% од водата во споредба со конвенционалното одгледување какао. Дополнително, благодарение на кратките транспортни рути, емисиите на CO2 се намалуваат за околу 80% во споредба со традиционалното чоколадо.
Потрошувачите сега можат да најдат производи од вафли и неаполски производи од брендот K-Classic со ChoViva во продавниците на Kaufland низ Германија.
Чоколадната алтернатива ChoViva претставува вистинска револуција на пазарот и целосно нов изглед на традиционалниот производ.
„Одгледувањето какао е делумно поврзано со еколошките и социјалните предизвици. Решението за производство на алтернатива на чоколадо од домашни суровини е навистина пресвртница во многу аспекти, што со задоволство го користиме за нашите производи со приватна етикета“ велат од Kaufland.
(Kamatica)
(фото: Stocksnap)