Вештачката интелигенција се повеќе ги загрозува работните места кои ги вршат жени

- Advertisement -

Работните места што традиционално ги извршуваат жени се поранливи на влијанието на вештачката интелигенција (ВИ) во споредба со работните места што претежно ги извршуваат мажи, особено во економски развиените земји, според извештајот на Меѓународната организација на трудот (МОТ) при Обединетите нации.

Извештајот покажува дека 9,6 проценти од традиционално женските занимања и 3,5 проценти од „машките“ занимања ќе бидат трансформирани под влијание на технологијата на вештачката интелигенција – главно во административниот и канцеларискиот бизнис сектор, објавува N1.
Човечкото учество ќе продолжи да биде клучно во многу задачи, но природата на работните места значително ќе се промени – наместо целосно да исчезне, се вели во извештајот.

- Advertisement -

Занимањата во медиумите, софтверската индустрија и финансиите се исто така многу изложени на влијанието на вештачката интелигенција, која сè повеќе ги развива своите когнитивни способности.
„Нагласуваме дека оваа изложеност на вештачка интелигенција не значи непосредна целосна автоматизација на цели професии, туку укажува на потенцијал за прераспределба на задачите преку употреба на оваа технологија“, се вели во извештајот.

Обединетите нации ги повикуваат владите, како и здруженијата на работодавачи и работници, да разгледаат начини на кои вештачката интелигенција би можела да се користи за зголемување на продуктивноста и квалитетот на работата, а воедно да се зачуваат работните места.

- Advertisement -

Фото – Needpix

Сподели!
- Advertisement -