Минатата година во Германија исчезнаа 196.100 компании, што е за 16 проценти повеќе отколку во 2023 година. Ова е најмногу од 2011 година и светската финансиска криза, според агенцијата Creditreform и економскиот институт ZEW.
„Бројот на компании што трајно ги затвораат своите врати во сите сектори на економијата е алармантен“, рече Патрик-Лудвиг Ханч од „Кредитреформ“, пренесува ДПА.
Тој додаде дека германските компании страдаат од високи трошоци за енергија во производството и сè посилна конкуренција од странство. Во енергетски интензивниот производствен сектор, бројот на пропаднати компании се зголеми за 26 проценти, на 1.050. Слично е и во ИТ секторот, развојот, еколошката технологија и дијагностиката.
Сандра Готшалк од ZEW нагласи дека овие сектори треба да растат бидејќи се ориентирани кон иднината. Ваквите компании, исто така, страдаат од сериозен дефицит на квалификувана работна сила. „Поради недоволно работници, компаниите не прифаќаат доволно нарачки и стануваат економски неодржливи“, рече Готшалк.
Многу затворени компании работеа и во фармацевтскиот и хемискиот сектор. Повеќето од нив се мали компании, но во последниве години, и големите компании честопати пропаѓаа.
Фото –