Вашето срце памти – и само три непроспиени ноќи може да имаат сериозни последици

- Advertisement -


Често се зборува за тоа колку е важен редовниот и адекватен сон за нашето здравје, а нова шведска студија сега уште подраматично го нагласува овој факт. Имено, новото истражување на Универзитетот Упсала во Шведска покажа дека само три ноќи со ограничен сон или околу 4,25 часа сон дневно значително го менуваат воспалителниот профил на крвта, зголемувајќи го ризикот од кардиоваскуларни болести.

Шеснаесет здрави млади мажи учествувале во строго контролирана лабораториска студија. Тие поминале низ две рутини на спиење – три ноќи нормален сон (8,5 часа) и три ноќи со ограничен сон. По секоја фаза учесниците завршиле интензивно вежбање со велосипед, а примероците на крв биле земени пред и после вежбање.

- Advertisement -

Научниците измериле речиси 90 протеини и откриле покачени воспалителни маркери по периодот на ограничување на спиењето. Овие протеини, доколку останат покачени долго време, можат да ги оштетат крвните садови и се поврзани со болести како што се коронарна срцева болест, срцева слабост и атријална фибрилација.

Вообичаено е вежбањето да ги зголеми корисните протеини како што се интерлеукин-6 и БДНФ. Сепак, овие одговори биле послаби по лошиот сон, заклучиле авторите на студијата, објавена во списанието Biomarkers Research. Ова укажува на намалена кардиоваскуларна и невролошка корист од вежбањето по недоволен одмор.

- Advertisement -

Нивото на протеини се разликувало во зависност од тоа дали крвта била вадена наутро или навечер, особено по губење на сонот, што покажува како нарушувањето на сонот влијае на секојдневните биолошки ритам.

Ова истражување ја нагласува важноста на спиењето, бидејќи дури и краткотрајното губење на сонот кај здравите млади луѓе предизвикува мерлива штета. Секој четврти човек во Европа работи во смени, што покажува дека многумина се изложени на слични ризици.

- Advertisement -

(The Conversation)

(фото: Free Malaysia Today)

Сподели!
- Advertisement -