Онлајн купувањето во Австрија станува сè подоминантна форма на потрошувачка – дури 97% од граѓаните редовно нарачуваат производи преку Интернет, според Извештајот за е-трговија за 2024 година.
Според извештајот, минатата година во оваа земја за онлајн купување биле потрошени околу 30 милијарди евра.
Најбарани производи биле облеката, обувките и козметиката, а се почесто се купуваат и прехранбени производи и лекови. Најголем дел од парите – дури 10,7 милијарди евра – се потрошени за патни и туристички услуги.
Главните причини за онлајн купување се едноставноста (28%), пониските цени (17%), поширокиот избор, независноста од работното време на продавниците и заштедата на време.
Иако помладите генерации се во првите редови на онлајн купувањето, дури 94% од луѓето над 65 години редовно купуваат и онлајн. Нема разлика меѓу половите – и мажите и жените купуваат онлајн подеднакво.
Интересно е тоа што 72% од клиентите претпочитаат домашни онлајн продавници. Близината, квалитетот и личниот пристап се клучни фактори.
Во однос на плаќањето, картичките се најчесто средство (70%), а потоа следат дигиталните паричници и купувањата на сметка, кои се особено популарни кај постарите лица.
(Kamatica)