Facebook тестираше опција за препознавање лице

- Advertisement -

На интернет кон крајот на минатата недела се појавија информации за застрашувачка апликација која ја развила компанијата на Марк Цукерберг. Станува збор за апликација за препознавање лице, но не во смисла на препознаваљње на корисниците кои така можат да го отклучат својот телефон, туку препознавање на лице на други корисници на Facebook. Имено, доволно е само да се насочи камерата од телефонот кон некого и на екранот ќе се појави името на личноста и профилната фотографија на Facebook.

Оваа опција навистина може да ја уништи минималната приватност која остана на социјалната мрежа, а е развиена со цел да се применува на личности кои ја имаат активирано опцијата за препознавање лице на мрежата на Цукерберг. Тоа е уште еден доказ колку е опасно споделувањето на личните информации и фотографии на интернет и на социјалните мрежи затоа што кога би постоерла таква можност на паметните телефони, секој ќе го знае вашето име кога ќе ве види на улица. Ако на тоа ги додадеме и личните податоци кои се оставаат на отворените профили на Facebook, нашата приватност и интима ќе бидат изложени на тотални странци. сите.

- Advertisement -

Добрата вест е што од Facebook коментираат дека наводно се откажале од примена на таа опција. Со развивање на опцијата почнале уште во 2015 и 2016 година и ја тестирале на вработени во компанијата и на нивните пријатели. Иако медиумите наведуваа дека со апликацијата можат да се идентификуваат сите корисници на Facebook, од компанијата на Цукерберг ги демантираат тие наводи.

Сподели!
- Advertisement -