Повеќе од половина од 100-те најдобри профили на TikTok за ментално здравје содржат дезинформации

- Advertisement -

Истрагата на британскиот „Гардијан“ откри дека повеќе од половина од сите најпопуларни видеа на TikTok што нудат совети за ментално здравје содржеле дезинформации.
Луѓето сè повеќе се обраќаат кон социјалните медиуми за поддршка за ментално здравје, но истражувањата покажаа дека многу инфлуенсери шират дезинформации, вклучително и злоупотреба на терапевтски јазик, брзи решенија и лажни тврдења.

Оние што бараат помош се соочуваат со сомнителни совети, како што се јадење портокал под туш за намалување на анксиозноста, промовирање додатоци во исхраната со ограничена база на докази за ублажување на анксиозноста, како што се шафран, магнезиум глицинат и свет босилек, методи за лекување на траума во рок од еден час и упатства што ги претставуваат нормалните емоционални искуства како знак на гранично нарушување на личноста или злоупотреба.

- Advertisement -

Експертите велат дека ваквите информации на TikTok се полни со бескорисни, штетни, а понекогаш и опасни совети за ментално здравје и се „разорни“ и „загрижувачки“. Тие ја повикаа владата да ја зајакне регулативата за да ја заштити јавноста од ширењето на дезинформации.

„Гардијан“ ги сподели 100-те најгледани видеа објавени под хаштагот #mentalhealthtips на TikTok со психолози, психијатри и академски експерти, кои проценија дали објавите содржат дезинформации.

- Advertisement -

Експертите открија дека 52 од 100 видеа што нудат совети за справување со траума, невродивергенција, анксиозност, депресија и тешки ментални болести содржеле одредени дезинформации, а многу други биле нејасни или некорисни. Многу од видеата нуделе општи совети засновани на тесно лично искуство и анегдотски докази, кои „можеби не се универзално применливи“.

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -