Имлек Протеин Warm Up: Најголемиот фитнес-настан на отворено со повеќе од 500 учесници како дел од Охрид трчаТ 2025

- Advertisement -

Најголемиот фитнес настан на отворено во Македонија – Имлек Протеин Warm Up, беше загревање за трката „Охрид трчаТ“ кој го раздвижи центарот на Охрид. Повеќе од 500 љубители на фитнесот, рекреативци, семејства и пријатели, обединети околу желбата за здрав живот и заедничко движење се собраа на охридскиот Кеј Македонија кој се претвори во вистински епицентар на спортска енергија и позитивен дух.

Атмосферата беше полна со ритам, спортски дух и мотивација. DJ сетот ги надополнуваше динамичните warm-up сесии со фитнес инструкторите Кате Бујароска Анѓелеска, Мими Стојаноска, Емилија Колоска, Ристе Јанкоски и Stretch Well од Србија, додека посетителите учествуваа во низа забавни и активни предизвици, придружени со подароци, охрабрување и бодрење од присутните. Просторот беше обоен со боите на брендот Имлек Протеин, а меѓу најголемите атракции беа протеинските коктели и стартните пакети за првите 500 учесници.

- Advertisement -

„Имлек Протеин Warm Up не беше само настан – беше движење што инспирираше. Горди сме што стоиме зад најголемиот фитнес-настан на отворено во Македонија, кој ги поврза луѓето преку спорт, енергија и грижа за себе. Веруваме дека секој чекор, секој скок и секоја насмевка беа доказ дека заедно можеме повеќе, за здравјето, за духот и за нашата заедница“ – изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

Настанот испрати јасна порака: физичката активност и правилната исхрана се клучни партнери во градењето на здраво тело. Особено после вежбање, кога мускулите се исцрпени и подготвени за регенерација, протеините играат суштинска улога во обновата на мускулното ткиво и зголемување на мускулната маса. Имлек Протеин нуди 30 грама висококвалитетен млечен протеин по порција, без додадени шеќери, без лактоза, што го прави совршен избор за секој што сака резултати од својот труд.

- Advertisement -

„Во рамките на овогодишниот Охрид трчаТ викенд, се реализираше Имлек Протеин Warm-up, настан кој уште еднаш покажа колку спортот и здравите навики можат да ги обединат луѓето од сите генерации. Заеднички со Бимилк, обезбедивме активна и позитивна подготовка, каде што учесниците и сите љубители на рекреацијата и фитнесот, имаа можност да се загреат, дружат и уживаат во здрава атмосфера, потсетувајќи нè сите дека подготовката е клучот за секој успех, било на патеката или во животот. Овој warm-up беше повеќе од обична загревачка сесија, беше симбол на заедништво, поддршка и мотивација. Вие да имате повеќе од 500 учесници е навистина за поздравување и дополнително нѐ обврзува на наредното издание да бидеме уште подобри и креативни. Заедно можеме уште повеќе, за спортот, за заедницата, и за позитивна промена“ – изјави Иван Цветкоски, претседател на атлетски клуб „Охрид трчаТ“.

Сподели!
- Advertisement -