Со службена одлука на Судот за ракомет при Европската ракометна федерација (EHF), скопскиот клуб РК Алкалоид е прогласен за победник на Европскиот куп за мажи 2024/25!
Имено, откако реванш-натпреварот против АЕК Атина, закажан за 25 мај во Скопје, беше откажан поради непојавување на гостинскиот тим, EHF ја донесе конечната пресуда во корист на македонскиот претставник!
Натпреварот беше откажан откако екипата на АЕК Атина одби да излезе на теренот, наведувајќи загриженост за безбедноста на нивните навивачи и наводни закани.
Според информациите, АЕК тврдеше дека македонските власти им забраниле влез на дел од нивните поддржувачи, и покрај претходните договори. Исто така, постоеја непотврдени наводи за закани упатени кон претседателот на АЕК и тимот, поради што клубот донел одлука да не се појави на натпреварот.
Фото – ФБ страница на РК Алкалоид