На 5 локации, 30 настани, во 5 денови на Скопје му се случува 4-то издание на Инфјужн – Фестивалот на инклузија.
Фестивалот од оваа година се дели на 5 категории распоредени во 5 тематски денови, како Перформанси и Театар(PERFORM), Уметност(АRТ), Музика(MUSIC), Спорт(SPORT) и Гејминг(GAMING).
Паркот Македонија, во Општина Кисела Вода, повторно е домот, или базата на Инфјужн фестивалот, но настани не очекуваат и на други локации, како Музејот на современата уметност, Театар Комедија, Тивки дружби во Амигос – кафуле.
Младите и најмладите се во фокус на овогодинешното издание на фестивалот, музичките концерти се во целост посветени на млади бендови(14 јуни, сабота, Парк Македонија), Инфјужн базарот ќе биде отворен за промоција на иницијативи на млади уметници и креативци, планирани се и настаните inFusion – Мурал, inFusion – Прототипирање на игри, „Фузија“ – изложба на уметнички дела од млади уметници.
Отворањето се случува денес на 11 јуни 2025 година со ексклузивниот перформанс на австралиско-германското дуо „SKIN“.
Водени тури низ поставките на Музејот на современата уметност со толкување на знаковен јазик, креативни работилници како “Шараме и садиме” и изработка на маскотки од чорапчиња, театарски претстави „Супер вселенко и роденденска торта“ и „Ѕуница“.
Партнери на овогодишното издание на фестивалот се драмско студио „Театар за тебе“, уметничкиот колектив Допирна Точка, гејминг заедницата Galactic Omnivore, Клубот на оратори при УКИМ, Академија Рекреатива, Art of Living, Колектив „Ветерница“, Музејот на современата уметност, НВО „Доза Среќа“.
Новина во фестивалските настани е толкување на концертите на знаковен јазик, што се случува за прв пат во современа Македонија, како и перформансот и работилницата на дуото „SKIN“.
Дополнително, ПроКредит преку платформата за одржливост ProActive е горд поддржувач на настанот и присутните ќе имаат можност да го посетат ProActive катчето во сабота и недела (14 и 15 јуни) од 11-13ч каде ќе има детска еко-работилница “Шараме и садиме” и најмалите ќе имаат можност сами да си создадат свое уметничко дело во форма на саксија во која ќе си го засадат своето ново цветно милениче.
Неодоливоста на овогодинешниот фестивал се и утринските активности, како будењето со латино танци(14 јуни), но и јога и медитација(15 јуни), а читањето во длабоките сенки на магичниот парк со книга, кафе и дџ сет се неизоставен дел од сите фестивалски денови.
Вкупно 30 настани во 5 денови ќе вдахнат нова димензија во културно-уметничката преобразба на метрополата, a Базарот и Форумот на релевантни и општествено значајни теми ќе разбудат рефлексија која ќе инспирира за подобро утре.
Повеќе детали за сите фестивалски работилници на www.if.equality.agency и instagram.com/infusion.fest.