Музичка „Фантазија“ со филмовите од „Дизни“ во изведба на Македонската филхармонија

- Advertisement -

Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот летен концерт, годинава насловен „Фантазија“, инспириран од безвременските анимирани класици на „Дизни“.

Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот летен концерт, годинава насловен „Фантазија“, инспириран од безвременските анимирани класици на „Дизни“. Концертот ќе се одржи во петок, на 13 јуни, со почеток во 20:30 часот, а диригент на вечерта ќе биде британецот Тимоти Редмонд.

- Advertisement -

На програмата се музички теми од анимирани филмови како: „Малечката сирена“, „Убавицата и ѕверот“, „Херкулес“, „Покахонтас“, „Аладин“, „Книга од џунглата“, „Снежно кралство“, „Кралот лав“, „Приказна за играчките“, како и делови од анимираниот класик „Фантазија“ – од каде е и преземен насловот на концертот.

„Волшебната атмосфера која извира од самиот наратив на приказните уште повеќе се потенцира и преку музиката која сама по себе претставува посебна, независна приказна. Штом ќе ги чуете песните, веднаш знаете за кој филм станува збор – тоа е потврда дека станува збор за музички ремек-дела кои фунционираат и самостојно, како посебни фрагменти кои се врзуваат со овие филмови “, вели Мустафа Имери, директор на Македонската филхармонија.

- Advertisement -

Како солисти ќе настапат сопранистката Биљана Јосифов, тенорот Денис Димоски и бас-баритонот Иван Наумовски

Концертот ќе биде визуелно збогатен со видеа од филмовите и специјално светлосно осветлување, со што, како што велат од Филхармонијата, публиката ќе ужива во незаборавно мултимедијално доживување под ѕвезденото небо.

- Advertisement -

Настанот е наменет за широка публика, од љубители на класична музика до семејства со деца, а од Филхармонијата порачуваат дека музиката од овие филмови „не знае за возраст“ – таа е вечна.

Фото – Wikimedia commons

Сподели!
- Advertisement -