Србија е позната по својата богата кулинарска традиција, а тоа се повеќе го потврдуваат и меѓународните гастрономски водичи. Меѓу нив се издвојува TasteAtlas, глобална веб-страница која ги оценува традиционалните јадења од целиот свет, редовно објавувајќи списоци со најдобрите специјалитети.
На најновата листа со 50 најдобри појадоци во светот Србија го најде своето место меѓу највкусните – и тоа на импресивно второ место. Српскиот претставник? Се разбира, комплет лепиња.
Комплет лепиња е автентичен ужички деликатес, познат и како „лепиња со се“, и е вистинска ароматична бомба и симбол на локалната кујна. Иако на прв поглед е едноставна, комбинацијата од лепиња, кајмак, јајца и претоп (масна течност која се добива со печење месо) крие повеќе од само вкус, таа е приказна за обичаите, гостопримството и спомените.
Комплетот лепиња потекнува од Ужице, град на силни идентитети и уште посилни вкусови. Првично наменет за работници и патници, денес е незаменлив во маркетите, во етничките ресторани, но и на фестивалите посветени на српската кујна.

Како се подготвува?
Среде топла, свежо испечена лепиња (по можност од рерна на дрва) се прави вдлабнатина, во која се додаваат јајце и павлака, а потоа сето тоа ја добива својата вистинска магија со преливање со претходно загреаната смеса. После тоа се пече лепињата за да се соединат состојките. Резултатот? Однадвор крцкав, внатре мек и сочен, со мирис кој нема да ве остави рамнодушни.
За многумина од дијаспората комплет лепчиња е повеќе од храна – тоа е мирисот на детството, саботните утра на пазар, семејните собири. Истовремено конкретна и емотивна, таа е можеби најдобриот амбасадор на српската традиционална кујна.
“Кахвалти”, традиционален турски појадок кој всушност е цела гозба, е на првото место на оваа престижна листа. “Кахвалти” не е едно јадење, туку многу мали порции: сирења, маслинки, домашен леб, домати, краставици, матени јајца, мед, џемови и секако, незаменливиот турски чај. “Кахвалти” се јаде полека, во друштво, со разговор. Време е за семејството, пријателите, за поврзување.
На третото место на листата е помалку познато, но подеднакво заводливо јадење – “сфингата”. Ова се видови на пржени колачи кои најчесто се јадат во Либија и Тунис, често со мед или џем. Лесна, топла и крцкава, “сфингата” е омилен појадок за многумина и лесно ги заведува оние кои првпат ќе го пробаат овој блискоисточен пандан на крофна.
На четвртото место е “кале пачех”, традиционално иранско јадење, направено од овча глава и нозе. Можеби звучи необично за европските навики, но во Иран и во многу земји од Блискиот Исток ова е утринска моќ на чинија, топла супа полна со колаген, протеини и вкус. Совршен појадок за зимски утра.
На петтото место е класика на која никој не може да одолее – кроасанот. Францускиот симбол на појадокот, кроасанот, е крцкав, полн со путер и воздушест. Иако има поминималистички состав, кроасанот го крие совршенството на текстурата и техниката. Најдобро е да се јаде топол, свежо од рерна, со шолја кафе или какао. Во својата едноставност кроасанот е универзален јазик за уживање.
(Bizlife)
.