Околу 1.500 новите ученици во дуално образование ќе добиваат стипендии од септември

- Advertisement -

Како резултат на заложбите на Владата и МОН за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември, соопшти Владата на Република Македонија.

Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, 9 месеци ќе добиваат по 3.500 денари.

- Advertisement -

„Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за таа цел, како Влада преку овие мерки и чекори ги стимулираме младите своето образование да го продолжат во некоја од дуалните паралелки. Дополнително, потврда за тоа дека со оваа мерка како Влада ја развиваме соработката со реалниот сектор е вклучување на 550 компании кои директно ќе ја спроведуваат практичната обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки. Како Влада правиме конкретни чекори за унапредување на образованието и создаваме кадри кои ќе добијат можност, доколку не го продолжат својот образовен процес на повисоко ниво, по завршување на средното училиште да се вработат во некои од компаниите“, додаваат од Влада.

Од таму посочуваат дека преку ова ја намалуваат невработеноста, но и ги стимулираат младите да ги усовршат практичните вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -