Проф. д-р Венера Крлиу избрана за нова ректорка на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

- Advertisement -

Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) доби нова ректорка. По изборите спроведени на сите академски единици на универзитетот, за ректорка е избрана проф. д-р Венера Крлиу, која ја презема оваа клучна позиција со мандат од 1 октомври 2025 година. 

Со овој избор, УАКС најавува почеток на нова фаза на развој, фокусирана на квалитетно образование, зајакнување на меѓународните соработки, и унапредување на истражувачките капацитети.

- Advertisement -

Во својата прва изјава по изборот, проф. д-р Венера Крлиу изрази благодарност за довербата и посочи дека новиот мандат го гледа како заедничка можност да се продолжи со градење на вредностите по кои УАКС е препознатлив.

„Длабоко сум благодарна за довербата. Овој мандат го гледам не само како индивидуален успех, туку како заедничка шанса да продолжиме да градиме универзитет кој негува и развива отвореност, иновативност и, пред сè, луѓе,“ изјави проф. Крлиу.

- Advertisement -

Воедно, новата ректорка посочи дека УАКС во наредниот период ќе се фокусира на трите основни столба: студенти и квалитетно образование, развој на академските и истражувачките капацитети, но и на унапредување на корпоративната култура.

Ректорскиот мандат на проф. д-р Марјан Бојаџиев, кој завршува на 1 октомври 2025, ќе продолжи да се реализира до крајот на предвидениот период. Универзитетот му изразува искрена благодарност за неговото лидерство во изминатите години.

- Advertisement -

Во годината кога УАКС слави 20 години постоење, оваа транзиција е потсетник на зрелоста на институцијата, која продолжува да се развива со јасна визија. Новиот ректорски мандат симболизира континуитет во вредностите, но и свежина во пристапот – со фокус на креативност, етика и тимска култура. УАКС останува посветен на тоа да биде повеќе од образовна институција – да биде универзитет каде што луѓето се на прво место.

Сподели!
- Advertisement -