Виена повеќе не е најдобриот град за живеење

- Advertisement -

Данската престолнина Копенхаген го презеде првото место на листата со најдобри градови за живеење во светот, која Виена ја држи три години по ред, покажува новото истражување. Промената на врвот на листата која ја прави британски The Economis дојде по неколку години, а сега Копенхаген доби максимални 100 поени кога станува збор за стабилноста, образованието и инфраструктурата. Данската престолнина минатата година беше втора на листата, а сега таа позиција ја зазеде Виена.

Австрискиот главен град го дели второто место со швајцарскиот главен град Цирих. По нив следуваат Мелбурн во Австралија и уште еден швајцарски град, Женева.

- Advertisement -

Глобалниот индекс за животна средина на градот за 2025 година, составен од центарот за истражување и анализа на The Economis Group, оценува 173 градови низ светот, земајќи предвид 30 индикатори во различни категории, вклучително здравството, културата и животната средина, пренесува Der Spiegel.

Во првите десет градови беа вклучени и Сиднеј во Австралија, кој го зазеде шестото место, потоа Осака во Јапонија, Окланд во Нов Зеланд, уште еден австралиски град, Аделаида и Ванкувер во Канада.

- Advertisement -

Оваа година ниту еден германски град не се најде меѓу десетте градови со најдобри услови за живот.

(Der Spiegel)

- Advertisement -

(фото: Stock Vault)

Сподели!
- Advertisement -