Летово 50-тина училишта ширум Македонија ќе добијат фотоволтаични системи

- Advertisement -

Со цел зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија на 50-тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период.

Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија.

- Advertisement -

Со оваа инвестиција, велат од Владара, ќе се заштедат големи буџетски средства кои ќе се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците. Преку инвестирање во обновливите извори на енергија ќе ги намалиме финансиските трошоци, но и ќе придонесеме за намалување на загаденоста на животната средина.

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -