Научниците барале микропластика во шишиња од популарни пијалоци и биле шокирани од она што го пронашле.
Тие, исто така, забележале дека нивото на микропластични честички е различно во зависност од тоа кој пијалок бил во шишето.
Во последно време се зборува многу за микропластиката. Честичките што се резултат на распаѓањето на пластиката може да се најдат насекаде – од најоддалечените агли на Земјата до човековото тело. Тие биле пронајдени дури и во тестисите и матката. Дел од микрочестичките внесуваме преку храна што е контаминирана со нив, а дел преку течноста што ја внесуваме. Француските научници сакаа да откријат колку микропластика внесуваме консумирајќи популарни пијалоци во пластични и стаклени шишиња.
Тие анализирале шишиња лимонада, ладен чај, безалкохолни пијалоци и пиво во стаклени и пластични шишиња и она што го откриле ги шокирало. Како што објавија научниците од Француската агенција за храна, животна средина, здравје и безбедност при работа (ANSES), пијалоците во стаклени шишиња содржеле околу 100 микропластични честички на литар, што е до 50 пати повеќе од количината што се наоѓа во пијалоците во пластични шишиња!
Очекувавме спротивен резултат, забележа експертот за микропластика, Изелин Хаиб.
Кога подетално истражија за што станува збор, открија дека во чашата има честички кои всушност доаѓаат од бојата на надворешната страна од капачето што го затвора шишето. Сепак, тие открија и дека постои едноставно решение за намалување на количината на микропластични честички во пијалокот – тапите треба да се дуваат со воздух, а потоа да се чистат со вода и алкохол. Таквата постапка ја намали контаминацијата до 60 проценти.
Тие исто така забележаа дека нивото на микропластични честички е различно во зависност од тоа кој пијалок е во шишето. Така, газираната и негазирана вода имаа најмал процент на микропластика во шишињата (4,5 честички на литар во стакло и 1,6 честички на литар во пластика). Од друга страна, засладените пијалоци имаа многу повеќе од нив. Газираните пијалоци во стаклени шишиња околу 30 честички на литар, а лимонадата околу 40 честички на литар.
Дури и алкохолните пијалоци не избегале од микропластиката. Така, силниот пијалок во стаклени шишиња имал 60 честички на литар, додека виното (без оглед на обликот на плутата што се користи за затворање на шишето) било речиси без пластични микрочестички.
Овие големи разлики сè уште не се објаснети, велат од ANSES. Иако сè уште нема официјални референтни граници што би укажувале што е безбедно за консумирање, а што не, се чини дека најбезбедно би било да се пие вино.
Извор- Zimo.dnevnik.hr
Фото – ccnull