Денеска работна средба Влада – Стопанска Комора

- Advertisement -

Денеска Стопанската комора ќе одржи работна средба со делегацијата на Владата на РСМ предводена од претседателот на Владата проф д-р Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерката за финансии, м-р Гордана Димитриеска Кочовска и директорот на Јавното прeтпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Делегацијата на СКСМ ќе ја предводи претседателот Бранко Азески и ќе се разговара за состојбите во градежништвото кое во овој момент трпи сериозни удари од напластените проблеми од изминатите години. Се очекува да се изгради нова платформа за дејствување која би била во функција на зацртаните економски активности и отворените инвестициони проекти.

Сподели!
- Advertisement -