Малопродажните цени на дизелот и на мазутот се намалуваат, а цената на бензините и на нафтата за домаќинствата не се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката, малопродажната цена на дизелот се намалува за 2,50 денар и од полноќ литарот дизел ќе чини 70,50 денари.
Бензинот од типот „еуросупер-95“ е чини 77,50 денари, додека литар бензин од типот „еуросупер-98“ ќе чини 79,50 деари.
Масло за горење „екстра лесно 1 (ЕЛ-1)“ и натаму ќе се продава по цена од 72,00 денари, а цената на мазутот се намалува за 1,499 денари и ќе чини 40,188 денари по килограм
Од Регулаторната комисија соопштија дека во овој период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,613%, кај дизелот намалувањето е во просек за 5,146% $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 4,462% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,906%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0856%.
Фото – Peak-px