Кина го заврши првиот клинички тест на имплант од мозок, кој овозможува компјутер да се контролира со мисли.
Истражувачкиот центар CEBSIT во Шангај и Универзитетската болница Хуашан успешно имплантираа безжичен BCI уред кај пациент со тетраплегија.
Пациентот е човек кој бил парализиран на сите четири екстремитети по несреќа со висок напон. По само неколку недели обука, тој можел да контролира електронски уреди со своите мисли – играл тркачки игри и шах. „Се чувствувам како да можам да се движам по волја“, го опишал своето искуство.
Кинескиот BCI (интерфејс мозок-компјутер) уред е со дијаметар од 26 mm и дебелина помала од 6 mm, што го прави со големина на паричка. Компактниот дизајн на уредот ги решава предизвиците на имплементацијата на BCI технологијата. За разлика од традиционалните импланти кои бараат целосно пробивање на черепот, овој систем се вклопува во вдлабнатина со големина на центи создадена на површината на черепот над моторниот кортекс, барајќи само дупка од 5 милиметри во коската.
Кинескиот имплант наводно е 100 пати пофлексибилен од „Неуралинк“ на Маск. Оваа флексибилност му овозможува да се врзува за мозочното ткиво, а воедно да ги намалува потенцијалните оштетувања и имунолошкиот одговор, што е важно за успехот на долгорочната имплантација.
(B92)
Фото – Raw Pixel