Во порака објавена на страницата за помош на YouTube се наведува дека почнувајќи од 22 јули креаторите ќе треба да имаат 16 години или повеќе за да емитуваат видеа на платформата без надзор од возрасни.
YouTube претходно бараше децата под 13 години да бидат придружени од возрасен доколку сакаат да емитуваат содржина во живо, но ова правило сега ќе важи за сите на возраст меѓу 13 и 15 години.
YouTube предупредува дека на сите под 16 години кои продолжуваат да стримуваат без присуство на возрасен по 22 јули ќе им биде оневозможен разговорот во живо и пристапот до други функции привремено ќе биде блокиран. После тоа стримовите што ги прекршуваат правилата ќе бидат отстранети.
Креаторите под 16 години кои сакаат да продолжат со стримување во живо ќе можат да му дадат пристап на возрасен до својот канал како уредник, менаџер или сопственик, дозволувајќи им да започнат стриминг од сметката поврзана со нивниот канал.
Претходно ова мораше да се прави преку Контрола во живо. Возрасните кои кокреираат содржина со креатори под 16 години ќе треба да бидат „видливи“ и јасно и еднакво да учествуваат во стримот.
(Klux.ba)