Со свечена церемонија во величествениот амбиент на Античкиот театар, синоќа беше отворено 65. издание на интернационалниот фестивал „Охридско лето“, водечката културна манифестација во земјата и во регионот.
А1 Македонија, како лидер во телекомуникациската индустрија, со особена гордост ја презема улогата на официјален партнер на фестивалот, со што уште еднаш ја потврдува својата континуирана посветеност кон вложување на заедницата. Преку оваа соработка, А1 Македонија ја зајакнува својата мисија за создавање подинамична културна сцена и поттикнување иновативни начини на интеграција помеѓу технологијата и уметноста, овозможувајќи подостапно и богато културно искуство за пошироката јавност.
“Партнерството со фестивалот „Охридско лето“претставува дел од стратешката определба на А1 Македонија да ги антиципира и да одговори на потребите на публиката, овојпат насочени кон овозможување богати културни содржини. Исто како и преку технолошките решенија што ги обезбедуваме, така и преку ова партнерство не само што сакаме да придонесеме кон збогатување на фестивалското доживување, туку и за приближување на културата до сите. Со гордост сме дел од настан што ја слави уметноста и ја промовира културата во меѓународни рамки”, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.
„Овој фестивал не е само културен настан, туку живо сведоштво за нашата богата традиција и креативна енергија. Поддршката од А1 Македонија овозможува оваа приказна да добие нови димензии, со современ пристап и иновативен дух кој го обединува минатото и иднината,“ изјави Ѓорѓи Цуцковски, директор на фестивалот Охридско лето.
Фестивалската програма започна со голем симфониски концерт на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Едвин Оутвотер (САД), со солистички настап на пијанистката Клер Хуангчи (САД). Концертот беше збогатен со иновативен 3D мапинг Рафаел Карико (Португалија), специјално подготвен за отворањето, со што се создаде вистинско аудиовизуелно доживување за публиката од земјата и странство.
Покрај својата улога како генерален спонзор, А1 Македонија активно учествува во фестивалската атмосфера во текот на целото лето со низа креативни и интерактивни содржини што публиката може да ги следи на А1 профилите на социјалните мрежи.
Во текот на наредните четириесет дена, „Охридско лето“ ќе понуди повеќе од 40 уметнички настани, вклучувајќи концерти, театарски претстави, визуелни уметности и крос-жанровски формати. Програмата ќе се реализира на неколку локации низ Охрид, а фестивалот ќе биде домаќин на врвни уметници од светот.
Годинешното јубилејно издание на „Охридско лето“ останува отворено за сите љубопитни умови и љубители на културата, со визија да инспирира, поврзува и збогатува преку моќта на уметноста и технолошките иновации.