„Гуанан Холдинг“ размислува за отворање на Европскиот текстилен индустриски парк во Србија
Кинескиот „Гуанан Холдинг“ размислува за изградба и отворање на Европскиот текстилен индустриски парк во Србија. Станува збор, како што истакна министерката за економија Адријана Месаровиќ по средбата со претставници на оваа компанија, за еден од најголемите кинески инвеститори во областа на изградба и управување со индустриски паркови, текстилна индустрија, недвижности и хотелски туризам.
Месаровиќ, како што прецизираше во објава на својот Инстаграм профил, разговараше со претседателот на оваа компанија, Шао Сјонг Цаи, за „потенцијално голема инвестиција, изградба на Европскиот текстилен индустриски парк, но и за можностите за соработка во рамките на пошироките индустриски и технолошки иницијативи, објавува eKapija.
„Компанијата „Гуанан Холдинг“ има богато искуство во изградба на индустриски зони со површина од над еден милион квадратни метри и развиена мрежа во Кина, остатокот од Азија и Европа“, изјави Месаровиќ.
Во соопштението на министерката не е наведено каде потенцијално би можел да се изгради Европскиот текстилен парк, ниту кои локации во земјата се разгледуваат.
(Biznis.rs)
Фото – Pexels