Ова се најскапите земји за туристите годинава

- Advertisement -

Според инфографик од агенцијата PIXSELL, објавена е листа нсо десетте најскапи туристички дестинации во светот за 2025 година. Рангирањето е направено врз основа на просечниот дневен буџет, кој ги вклучува трошоците за сместување, храна, транспорт и туристички активности.

На самиот врв на листата е Барбадос, каде што за еден ден престој се потребни дури 281 евро. Следат Антигва и Барбуда (264 €), додека десеттопласираните Обединети Арапски Емирати бараат просечен дневен трошок од 187 евра. Швајцарија е исто така на листата.

- Advertisement -

Ова се топ 10 најскапи земји за туристи во 2025 година:
1.Барбадос – 281 евра
2.Антигва и Барбуда – 264 евра
3.Свети Китс и Невис – 230 евра
4.Малдиви – 227 евра
5.Гренада – 219 евра
6.Швајцарија – 213 евра
7.Соединети Американски Држави – 211 евра
8.Микронезија – 211 евра
9.Гренланд – 188 евра
10.Обединети Арапски Емирати – 187 евра

Барбадос – синоним за луксуз, историја и природни реткости

- Advertisement -

Барбадос е островска земја во југоисточниот дел на Карипското Море, на околу 160 км од Свети Винсент и Гренадини. Иако зафаќа површина од само 430 км², Барбадос нуди богато културно и природно наследство. Главниот град, Бриџтаун, е светско наследство на УНЕСКО и е административен и културен центар на земјата.

Островот беше британска колонија речиси 340 години, а независноста ја доби во 1966 година. Во ноември 2021 година Барбадос стана парламентарна република, прекинувајќи ги формалните врски со британската монархија. Поради силното британско влијание во неговите традиции и култура, често се нарекува „Мала Англија“.

- Advertisement -

Природата на Барбадос крие исклучителни реткости – меѓу нив и најмалата позната змија во светот: барбадосската змија (Tetracheilostoma carlae), која е долга само 10 сантиметри. Овој критично загрозен вид преживува во преостанатите шумски области, бидејќи поголемиот дел од оригиналната вегетација била уништена за време на колонијалниот период.

Локалната кујна комбинира африкански, британски и креолски влијанија. Барбадос е дом и на најстарата дестилерија за рум во светот – Маунт Геј, основана во 1703 година.

Денес, Барбадос се издвојува како луксузна дестинација со зачуван идентитет и стабилна политичка рамка, нудејќи единствена мешавина од европска елеганција и карипски шарм.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -