САД одлучи – 15% царина за Македонија! Стартот на новите тарифи одложен за една недела

- Advertisement -

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која официјално се најавуваат нови царини за увоз од десетици земји, кои ќе стапат на сила за седум дена, не на 1 август.

Новите царини се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија. Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја подлежат на царини од 15 проценти. Овие царини се дел од стратегијата на Трамп за намалување на трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави, објави Ројтерс.

Според новите мерки, извозот од Канада ќе биде оданочен со 35 проценти, потоа 25 проценти за стоки од Индија, 30 проценти од Јужна Африка. За земјите од регионот, царинските стапки за Србија ќе бидат 35 проценти, за Босна и Херцеговина 30 проценти, за Индија 25 проценти, за Турција и Израел 15 проценти и за Швајцарија 39 проценти, додека Хрватска и Словенија, како членки на ЕУ со 15 отсто.

- Advertisement -

Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична на онаа што ќе важи и за Европската Унија. Претходно објавената стапка за македонските производи во април изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата мерка претставува значително намалување, пренесе „Блумберг адриа“.

Фото – Pix4free

Сподели!
- Advertisement -