Каде може да ја најдете најчистата вода за пливање ова лето?

- Advertisement -

Најновата анализа на Европската агенција за животна средина (EEA), која опфати 22.127 крајбрежни, езерски и речни места, покажува дека 85% од плажите се оценети како одлични, при што Кипар повторно е прогласен за најдобра дестинација за пливачи.

Повеќе од 99% од водите на Кипар добија највисока оценка, а земјата е на врвот на рангирањето со години.

- Advertisement -

Добрата вест за оние што патуваат на Црното Море ова лето е дека Бугарија се искачи за три места и го зазеде второто место, со 98% од нејзините води оценети како одлични. На трето место е Грција, на четврто е Австрија, а на петто е Хрватска.

Резултатите од извештајот на EEA за Албанија, сепак, покажуваат дека оваа, инаку една од новите туристички дестинации во Европа, има регистрирано најмалку дестинации со одлична вода, само 16%, додека најголем број локации се оценети како лоши, 23%.

- Advertisement -

Загадувањето со пластика и микропластика дополнително ја влошува ситуацијата. Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата од 2020 година, Албанија, после Црна Гора и Северна Македонија, имала трета највисока стапка на пластичен отпад по жител – 3 килограми годишно.

(EuroNews)

Сподели!
- Advertisement -