ВИДЕО: Се оствари сонот на сите што мразат домашни обврски: сега постои хуманоиден робот што пере алишта

- Advertisement -

Хуманоидниот робот Figure 02 на компанијата Figure покажува како хуманоидните машини наскоро би можеле да ги преземат домашните работи. И додека се тестира во фабрика на BMW, веќе може да полни машина за перење алишта

Иако со години слушаме за хуманоидни роботи што преземаат здодевни работи, реалноста во нашите домови и фабрики сè уште не се чувствува како научна фантастика. Сепак, најновото видео од компанијата Figure, со седиште во Калифорнија, покажува дека можеби сме поблиску до таа иднина отколку што мислиме.

- Advertisement -

Во видеото што го сподели основачот и извршен директор на компанијата, Брет Адкок, хуманоидниот робот Figure 02 извршува задача што повеќето луѓе ја избегнуваат: полнење алишта во машина за перење алишта.

Без никакво двоумење роботот зема облека од корпата и ја полни машината – со леснотија и прецизност. Да не беше направен од метал и електроника, дури би рекле дека го прави тоа со ентузијазам.

- Advertisement -

Адкок нагласи дека роботот не работи со помош на далечински управувач, туку користи свој систем за вештачка интелигенција наречен Helix, кој овозможува автономно однесување во реална средина. Иако Figure 02 сè уште не ја избира програмата за перење, ниту одлучува дали одредена долна облека треба да се фрли, се чини дека ни ние не сме далеку од тоа.

И покрај неговото импресивно однесување во домашна средина, примарната цел на роботот Figure моментално се индустриските задачи. Роботот висок 168 см веќе се тестира во соработка со BMW во фабрика во Јужна Каролина, каде што извршува разни задачи на производствената линија. Сценаријата за дома се на мапата за развој, но само откако роботот ќе ги докаже своите способности во попредвидлива индустриска средина.

- Advertisement -

Иако сè уште не можеме да го нарачаме Figure 02 како домашен асистент, неговата способност за перење алишта со леснотија ни дава надеж за свет каде што хуманоидните роботи ќе преземат здодевни и повторувачки задачи. Можеби за неколку години ќе гледаме роботи не само во фабриките, туку и во нашите кујни, бањи и дневни соби.

(Digital Trends)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -