Модерното живеење, особено за оние кои се искчуваат по скалилата на успехот во бизнис светот, најчесто налага секојдневно работење под притисок и справување со многу задачи истовремено. Токму затоа, од голема корист се уредите кои не само што ќе ве следат, туку и ќе го подобрат вашиот професионален живот, како и физичкото здравје. Комбинацијата на новиот премиум телефон на преклоп од Samsung, Galaxy Z Fold7 и часовникот Galaxy Watch8 Classic е како да имате личен асистент и паметен уред кои ќе подобрат важни аспекти од вашиот живот. Galaxy Z Fold7 е како мал работен центар во вашите раце, овозможувајќи ви да ги извршувате задачите со ефикасност и леснотија. Додека Galaxy Watch8 Classic ја следи вашата активност и здравје, вие можете да останете фокусирани и продуктивни. Овие уреди не се само најнова технологија, тие ви помагаат да го извлечете максимумот од вашето време и да ги заштитите најважните податоци во вашиот професионален живот.
Galaxy Z Fold7 не е обичен телефон. Со динамичен 8-инчен дисплеј и интелигентни функции под капата на Galaxy AI, тој ја претставува вашата мобилна канцеларија која може да обработува голем број задачи паралелно. Благодарение на напредните мултитаскинг опции, прегледот на финансиски табели, читањето мејлови и работењето на презентации се едноставни, ефикасно распоредени на голем екран со само неколку гестови. Galaxy AI ви заштедува време, брзо пребарување низ документи и безбедноста обработка од највисок приоритет за вашите чувствителни информации. Со врвни перформанси, моќен процесор, а притоа и беспрекорен изглед на модерен, иновативен уред, Galaxy Z Fold7 воедно е и најтенкиот фолд телефон на Самсунг досега.

Samsung Watch8 Classic: Баланс помеѓу традиција и иновација
За професионалците кои не сакаат да прават компромис со стилот, Galaxy Watch8 Classic ја враќа препознатливата ротирачка коронка и класичен дизајн, комбиниран со најмоќна смарт функционалност досега. На вашата рака се контролите за известувања, повици, дигитален календар и Samsung Pay, како и AI тренер кој се грижи за вашиот баланс помеѓу здравјето и работата.
Покрај тоа, напредните здравствени анализи со биоактивни сензори, мерачи за агликација во текот на ноќта, ви нудат лична статистика.

Совршено поврзување секој ден
Најголемата сила е токму во синергијата помеѓу поврзаните уреди во вашиот дом. Тоа не се однесува само естетски и функционално идеалната спојка на Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic. Со SmartThings менаџирањето, можете од екранот на вашиот Galaxy телефон да управувате со телевизорот, да ги следите програмите за перење на вашата машина за алишта, да го подреете ручекот, и сето тоа од далечина, како и многу други активности.
Дополнително, One UI 8, со гарантирани 7 години софтверски update-и, обезбедува безбедност и постојана оптимизација кај новите Galaxy уреди, клучно за оние што очекуваат долгорочно функционирање без грижи.

Безбедноста и доверливоста на прво место
Samsung Knox гарантира апсолутна заштита, сигурност при работа со најчувствителни деловни податоци, од биометриски отпечатоци, до професионални финансиски документи.
Лидерството започнува со интелигентен избор
Во светот на финансиите и управувањето со бизнисот, мудриот избор е секогаш во деталите. Со Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic, добивате не само моќен дигитален тандем туку и партнер што ќе ви помогне да бидете чекор пред сите. Дури, за конечно да изберете, можете да ги пробате функционалностите и да го доживеете Galaxy AI искуството благодарение на апликацијата Try Galaxy која треба само да симнете на моменталниот телефон кој го користите.
Надградете се себеси со најмодерната технологија и уживајте во секој успех, додека сигурноста, продуктивноста и елеганцијата остануваат на прво место.
