Колку пати сте го слушнале советот да бидете различни кога аплицирате за работа? Еден човек од Ливерпул го сфати буквално и успеа да го привлече вниманието на една од најголемите компании во светот.
Тој аплицираше за позицијата извршен директор на Nike, но не со класична биографија и уредно мотивационо писмо. Наместо тоа, испрати писмо кое повеќе личи на стендап настап отколку на сериозна бизнис апликација. Во него тој ветува дека ќе ја зголеми продажбата за три пати со елиминирање на белите ѓонови на неговите патики, преместување на глобалното седиште на Nike од Америка во Ливерпул, а како шлаг на тортата, побара да му бидат исплатени ваучери и патики кои сè уште не биле пуштени во продажба, објавува Bizlife.
Менаџментот на Nike, секако, не го прифати неговиот „извршен директорски предлог“, но наместо да завршат со одбивање, решија да реагираат на сосема поинаков начин. Ја препознаа неговата креативност, чувство за хумор и уникатен поглед на брендот и наместо да му се заблагодарат и да ја затворат вратата, му ја отворија широко.
Наместо директорската фотелја, му беше дадено нешто пореално, но подеднакво вредно: шестмесечна пракса во тимот за стратегија и маркетинг на брендот, во седиштето на компанијата во Орегон.
Така, хумористичната и навидум невозможна апликација се претвори во вистинска можност во животот да работи рамо до рамо со луѓе кои создаваат глобални трендови, во компанија на која ѝ се восхитувал целиот свој живот. Можеби не стана директор, но стана дел од приказна што сигурно ќе ја раскажува долго време и докажа дека понекогаш најлудата идеја може да ги отвори најголемите врати.
(Kamatica)