- Advertisement -
Чешката Република стана првата земја во Европската унија што тестира максимална брзина на делови од своите автопати од 130 км/ч до 150 км/ч.
Тестирањето ќе започне кон крајот на септември на делница од автопатот Д3 долга 50 километри, која ги поврзува Табор и Чешке Будејовице, на трасата од Прага до Линц. На оваа делница веќе се инсталирани електронски сообраќајни знаци со променливи ограничувања на брзината.
- Advertisement -
Иако сообраќајот сè уште не е целосно отворен, Чешката администрација за патишта и автопати потврди дека тестирањето на новиот сообраќаен режим ќе започне наскоро.
(Kamatica)
- Advertisement -
(фото: ccnull.de)
- Advertisement -