Поштите во ЕУ ја прекинаа доставата на пакети во САД

- Advertisement -

Поштенските служби низ Европа ги прекинаа испораките на пакети во САД, наведувајќи ја широко распространетата неизвесност околу влијанието на новите тарифи што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп.

Француската La Poste им се придружи на другите оператори, вклучувајќи ги германските Deutsche Post, шпанската Correos, италијанската Poste Italiane и белгиските, шведските и данските поштенски служби, во прекинувањето на повеќето пратки во САД во текот на викендот.

- Advertisement -

Австриската Osterreichische Post и британската Royal Post соопштија дека ќе престанат да прифаќаат пакети наменети за САД.

Трамп минатиот месец потпиша извршна наредба со која, почнувајќи од 29 август, се елиминираше ослободувањето од данок, што им дозволуваше на мали пакети во вредност помала од 800 долари да влезат во САД без царина.

- Advertisement -

Според податоците на американската царина, минатата година вкупно 1,36 милијарди пакети биле испратени под таканареченото ослободување „de minimis“, кое содржело стока во вредност од 64,6 милијарди долари, но таквите пакети сега ќе се соочат со царина од 15% – иста стапка како и повеќето други увози од ЕУ.

Аналитичарите велат дека регулаторните промени, доколку се задржат, веројатно ќе имаат значително влијание, особено врз малите и средните европски компании, кои извезуваат стока со пониска вредност во САД.

- Advertisement -

Европските поштенски служби соопштија дека ќе продолжат да доставуваат писма и пакети испратени од поединци што содржат подароци во вредност помала од 100 евра, но предупредија дека ќе бидат предмет на дополнителни проверки за да се спречи користењето на услугата за комерцијална стока.

Италијанската пошта, исто така, во соопштението изјави дека била принудена привремено да ги суспендира сите пратки што содржат стока наменета за САД.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -