Седумте најголеми компании во светот остварија нето добивка од 143 милијарди долари

- Advertisement -

Седумте најголеми компании во светот, Microsoft, Apple, Alphabet, Amazon, Meta, Nvidia и Tesla, заедно остварија нето добивка од 143 милијарди долари во вториот квартал од годината, според нивните финансиски извештаи.

Овие компании, честопати наречени „Величествените 7“, забележаа зголемување на нето добивката од 27,6 проценти во споредба со истиот период минатата година и раст од 3,5 проценти во споредба со претходниот квартал. Вкупните приходи на овие компании достигнаа 551,4 милијарди долари, што претставува раст од 15,4 проценти во споредба со истиот квартал минатата година и зголемување од 6,6 проценти во споредба со претходниот квартал.

- Advertisement -

Капиталните инвестиции (CapEx) на овие компании се зголемија за 66,1 процент на годишна основа – од 58,3 на 96,8 милијарди долари, додека на квартална основа е забележан раст од 24,6 проценти. Алфабет, матичната компанија на Гугл, оствари највисока нето добивка меѓу групата од 28,2 милијарди долари во вториот квартал. Мајкрософт со 27,2 милијарди долари, Нвидија со 26,4 милијарди долари, Мета со 18,3 милијарди долари, Амазон со 18,2 милијарди долари и Тесла со 1,2 милијарди долари.

Тесла имаше најголемо квартално зголемување на нето добивката од 186,6 проценти, што е скок од 409 милиони долари во претходниот квартал. Нвидија оствари квартално зголемување на нето добивката од 40,7 проценти, проследено од Мета со 10,2, Амазон со 6,1, Мајкрософт со 5,5, додека Алфабет и Епл забележаа пад – Алфабет со 18,4 и Епл со 5,4 проценти.

- Advertisement -

Нвидија постигна најголем номинален пораст на нето добивката од 7,6 милијарди долари.
Алфабет бележи постојан квартален раст на нето добивката од четвртиот квартал од 2022 година, но во вториот квартал од оваа година имаше пад од 34,5 милијарди долари на 28,2 милијарди долари, со што се прекина тој тренд.

На годишно ниво, Nvidia забележа најголем раст на нето добивката од 59,2 проценти, по што следуваат Meta со 36,2, Amazon со 34,7, Microsoft со 23,6, Alphabet со 19,4 и Apple со 9,3 проценти. Tesla имаше пад од 16,3, на 1,2 милијарди долари. Amazon имаше најголеми квартални приходи од 167,7 милијарди долари, по што следуваат Alphabet со 96,4 милијарди, Apple со 94 милијарди, Meta со 47,5 милијарди, Nvidia со 46,7 милијарди и Tesla со 22,5 милијарди. Во однос на кварталниот раст на приходите, Tesla беше предводник со 16,3 проценти, додека Apple беше единствената компанија што забележа мал пад од 1,4 проценти.

- Advertisement -

На годишно ниво, Nvidia оствари најголем раст на приходите од 55,6 проценти, по што следуваат Meta со 21,6, Microsoft со 18,1, Alphabet со 13,8, Amazon со 13,3, Apple со 9,6 проценти, додека Tesla имаше пад од 11,8 проценти, намалувајќи ги приходите на 25,5 милијарди долари. Кога станува збор за капитални инвестиции, Amazon инвестираше најмногу со 32,2 милијарди долари во вториот квартал, по што следуваат Alphabet со 22,5 милијарди долари, Meta со 17,3 милијарди долари, Microsoft со 17,1 милијарди долари, Apple со 3,5 милијарди долари, Tesla со 2,4 милијарди долари и Nvidia со 1,9 милијарди долари

И покрај малиот пад во третиот квартал од минатата година, „Алфабет“ одржува стабилно ниво на капитални инвестиции од првиот квартал од 2023 година.

„Мета“ имаше најголем годишен раст на капиталните инвестиции од 111,8 проценти, од 8,2 милијарди долари на 17,3 милијарди долари, по што следува „Нвидија“ со 93,9 проценти на 1,9 милијарди долари. Раст на капиталните инвестиции забележаа и „Амазон“ со 82,7 проценти, „Алфабет“ со 70,2 проценти, „Епл“ со 60,9 проценти, „Мајкрософт“ со 23,1 процент и „Тесла“ со 5,4 проценти.

Фото – Needpix

Сподели!
- Advertisement -